Мода

Одберете капут според обликот на вашето тело

Доколку уште го немате купено основното оружје за ладната зима – капутот, тогаш прочитајте ги овие совети. Треба да имате во предвид дека изборот на капут треба да го направите во согласнот со вашето тело.

Тело во облик на јаболко

Ваш најголем проблем е средниот дел од телото, па наместо да го проширувате со јакни одберете капут кој ќе ви помогне да го прекриете пределот на струкот. Одберете струкиран капут со средна должина, никако краток. Капути со V изразот се идеални за вас.

Тело облик на круша

Колковите се нагласени, па затоа изберете капут со упадлива јака или пак необични ракави.

Тело како песочен часовник

Изберете капут кој ќе ги истакне вашите атрибути. Големи гради, тесен струк и истакнати колкови. Капутот нека биде струкиран со отворено деколте и со средна должина. И долгите капути се одлични за ова тело.

Атлетски тип

Истакнете го телото. Долгите капути со крзно и богати во пределот на градите се идеални за вас.

Write A Comment