Сувата кожа е најчестиот проблем со кој се сретнуваме за време на зимските денови.

И покрај тоа што хидратацијата е многу важна за здравата и убава кожа, пред да го нанесете лосионот или млекото за хидратација на телото, многу е важно да ги отстраните мртвите клетки од кожата.
Направете си сами многу едноставен пилинг за тело и спречете ги проблемите со кожата.
За овој ефикасен пилинг се што ви е потребно е т.н хималајска сол, поточно следниот пат кога ќе се туширате еден грст морска сол измешајте со гелот за туширање кој вообичаено го употребувате.
Намокрете се, а потоа со нежни движења измасирајте го целото тело со оваа мешавина. Резултатите се неверојатни.
