Наидовме на необичен надворешен изглед на современ дом и би сакале да ги споделите Вашите реакции околу истиот. Leschi Area Home е архитектонски „бум“ со површина од импозантни 1882 метри квадратни. Извонредниот дом се наоѓа во Сиетл, во близина на експанзивен урбан парк. Жителите на куќата уживаат спектакуларни погледи на околното езеро и планините.
Во внатрешноста, се наоѓаат три спални соби, три купатила и две гаражи. Ова место е совршено за луѓе со тенденциозни апетити кон богатото современо живеење. Отворениот план на дневната соба со огромни прозорци, огниште и огромен простор наменет за Вашите забави. Спалните се пространи и дизајнирани со префинет вкус. Преубавите палуби им овозможуваат на сопствениците да поминат извесно време на отворено опкружени со прекрасна природа.














