ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 200 гр. салама
* 1 лажичка сол
* 150 мл. млеко
* 500 гр. брашно
* 3 лажици павлака
* 1 квасец сув
* 2 жолчки
* 3 компири варени
* 2 белки
* сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ги ставаме млекото,жолчките,квасецот,сол,компирите изрендани и брашното и замесуваме тесто. Се остава да стаса потоа се премесува и се остава малку да одмори. Се сука кора и се сече на коцки. На секоја коцка се става од филот и се витка како ролна. Се редат во подмачкана тепсија и се премачкуваат со белка и се поросуваат со сусам. Ги оставаме 5 минути и потоа ги печеме во загреана релна на 200 степени додека да поруменат. Кога ќе ги извадиме од релна ги премачкуваме со путер или маргарин.
