Иако Светската здравствена организација препорачува дека една земја не би требало да има повеќе од 15% царски резови годишно, во повеќето земји тоа не е случај, така што, многу повеќе случаи се одлучуваат за царски рез…
Причини против: Почести респираторни проблеми кај бебето, зголемен ризик за настанок на тромбоза, инфекции на надворешните и внатрешни резови, побавна адаптација на бебето поради анестетик, проблеми со лактацијата, отежнато доење и воспоставување на првиот контакт со бебето, подолго опоравување, потешко ослободување на масни наслаги во подрачјето под резот и дефинитивно лош избор ако сакате повеќе деца.
Причини за: Доколку носите близнаци, нееднаквост помеѓу големината на плодовите и ширината на карлицата, неправилен срцев ритам, кога бебето почнува да излегува карлично, недостаток на кислород, одвојување на плацентата, кај породилките кои имаат патолошки страв од болка.
Запомнете!!! Царскиот рез е комплицирана операција која носи ризик, како и секоја друга хируршка интервенција. За мајката и бебето, природното породување е најздраво, а царскиот рез е нешто кон кое се пристапува кога природното породување, поради некоја од наведените причини, не е можно.
