Покачена телесна температура не е болест, туку симптом за некое заболување.Најчесто се јавува како знак на некоја вирусна, бактериска.габична и паразитска инфекција, но може да укажува и на некое кардиоваскуларно, ендокринолошко,неуролошко па дури и на некое малигно заболување.
Нормалната телесна температура се движи од 36,1 до 37,2 степени Целзиусови, а во текот на денот се менува без разлика дали сме болни или здрави.Најниска е рано наутро, измеѓу 4 и 6 часот, а највисока навечер измеѓу 6 и 8.Но исто така телесната темпрература зависи и од температурата на воздухот и физичката активност.
Повишена телесна температура се намалува со антипиретици, облоги со млака вода, со туширање, со проветрување и ладење на просторот во кој престојува пациентот.
1.Антипиретици
Овие препарати за намалување на температурата се користат кога таа е повисока од 38,5 кај деца, односно 39 степени Целзиусови кај возрасни.
2.Масажа
Масажа со млака вода е подобар избор од масажа со ладна вода и алкохол.Намалување на температурата со алкохол не е ништо поефикасно од водата а особено кај децата бидејќи може да предизвика иритација на кожата.
3.Течности
Поради покачена температура телото губи многу течности, но и витамини и минерали.Затоа треба да се зголеми внесувањето на чаеви и други топли напитоци со многу свежо овошје.
4.Индијански рецепт
Индијанците за намалување на покачена температура,прават луто-киселкаст напиток од лута пиперка и портокал.Пиперката се потопува во врела вода, се додава шеќер и сок од кисел портокал.Овој напиток ја намалува температурата, го зголемува потењето и го снабдува организмот со витамин Ц.
5.Топли напитоци
Домашниот сок од малини ја намалува температурата, ја враќа енергијата и силата.Во малку вода сварете малини а потоа топлиот напиток пијте го наутро и навечер.
6.Чај
Билните чаеви се подготвуваат од 20г. камилица и 20г. мајчина душица бидејќи делуваат антисептички и го ублажуваат воспалението, а со додаток на 20г. липа се подобрува и потењето.Една лажица од оваа мешавина се прелива со чаша врела вода и се остава да отстои 10 минути.Процедете и пијте неколку шољи на ден.
7.Компир
Тркалца од компир ставете на табаните, на дланките и на челото како облога.При што топлината од површината на телото преминува во компирот и тој станува сув.Исто така, компирот може да се изренда и да се стави на стапалата да се облечат чорапи и нозете да се загреат.
8.Брашно и киселина
Направете мешавина од пченкарно брачно и алкохолен оцет така што ќе добиете густа смеса.Ставетеја на табаните,завиткајтеги стапалата со памучна крпа и облечете памучни чорапи.
