Мојата кујна

Панирано пилешко

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 8 парчиња пилешко (копани, надкопани, крилца)

* 250 мл млеко

* 2 супени лажици оцет

* 250 г брашно

* 2 кафени лажици сол

* 2 кафени лажички црн пипер

* 2 кафени лажички црвен пипер

* 1 кафена лажичка лук во прав

* 1 кафена лажичка ливчиња свеж босилек

* 1 кафена лажичка Оригано

* 1 кафена лажичка мелен ѓумбир

* масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Ставете ги парчињата во подлабок сад и полијте ги со млекото во кое претходно сте го измешале оцетот. Оставете го месото да отстои во фрижидер бар 2 час, а повремено превртувајте ги парчињата за да се натопат од сите страни.

2.Сите останати состојки ставете ги во поголема пластична ќеса и добро измешајте ги. Исцедете го месото од млекото, а потоа ставете ги сите парчиња во ќесата и протресете добро за да се покријат со смесата.

3.Во меѓувреме ставете го маслото да се грее во подлабоко тенџере. Ставете доволно за најголемото парче месо да се покрие малку повеќе од половина.

4.Пржете го месото во загреаното масло околу 7-8 минути од секоја страна. Ставете ги испржените парчиња на кујнска хартија да се исцеди вишокот маснотија, а потоа послужете ги додека се уште топли.

Write A Comment

iptv satın al   iptv   iptv satın al   orisbet   tophillbet   padişahbet   goldenbahis   bahiscasino   iptv satın al   iptv   iptv