Доколку ви изгори сијалица дома, наместо да ја фрлите во ѓубре, можете да ја претворите во нешто корисно и убаво. Може да си направите оргинална вазна или тегли за зачини.
Можностите се бескрајни. Еве ги и нашите предлози:
Направете слатко изненадување за партнерот, така што ќе ставите порака во сијалицата на неговото биро. Сигурно ќе го натерате да се насмевне. Може да ставите внатре срца од жица или вашата омилена фотографија.

Теглички за зачини
Испразнете ги сијалиците, измијте ги добро, исушете ги и наполнете ги со вашите омилени зачини. Користете тапа за да ги затворите.

