Дали сакате да ја поминете ноќта во една од најскапите апартмани во светот, Ty Warner Penthouse во Њујоркшкиот хотел Four Seasons, за тоа ќе треба да издвоите 35.000 долари.
Во спалната соба на овој апартман има кралски кревет со најскапиот душек во светот кој чини 60.000 долари и е рачно изработен во Шведска. Изработката траела околу 160 часа.
Балдахинот е направен од тајландска свила во која е исплетено 22-каратно злато.
Penthouse од 400 метри квадратни се состои од една спална соба и бања, дневна соба и библиотека. Исто така постојат и простории за облекување, појадување, шминка и медитација.
Ѕидовите се украсени со оригинални слики и скулптури, кои целосно ја оправдуваат цената на ноќевањето.
Ако имате било какви барања, 24 часа на ден ќе ве служи на вашиот приватен батлер.
Брилијантниот поглед од 52от кат нема да ве остави рамнодушни.
И ако целиот декор и поглед од прозорецот/ балконот не може да ја достигне вредноста на овој апартман, секако, добро е да се знае дека се што барате е вклучено во цената, како и сите оброци и спа третмани.
Исто така, имате три лифтови, кои се отворени само за луѓето со клучеви од апартманот.
Имињата на гостите на хотелот не се соопштуваат на јавноста и може да се резервира најмалку една ноќ.








