Мојата кујна

Американски крофни

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тестото

* 150 мл млеко

* 60 гр мек маргарин или путер

* 500 гр пченично брашно

* 1 квасец

* 40 гр шеќер

* 1/2 лажиче сол

* 1 јајце

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте го млекото и во него додадете го квасецот, шеќерот и маргаринот или путерот и оставете да отстои да стаса

Замесете го брашното во кое сте ставиле јајце и сол со квасецот. Изматете го ова со миксер првин со најмалата брзина, а потоа едно пет минути со поголемата брзина така да добиете мазно тесто. Оставете го да отстои тестото на топло се додека двојно не се зголеми.

Од кога тестото е нараснато го ставате на набрашнета површина и уште еднаш рачно премесете го и развијте кора со дебелина 1 см. Првин исечете кругови ( 9 см), потоа од средината исечете други кругови така да добиете прстени со ширина од 2 см.

Прстените покријте ги и оставете ги да отстојат на топло место додека видно не се зголемат.

Од кога ќе нараснат крофните се пржат во загреано масло така да пливаат во него се додека не добијат од двете страни златно – жолта боја.

Ги вадите на кујнска решетка за да се исцедат од маснотијата и потоа ги посипувате со шеќер во прав и им ставате чоколаден прелив.

 

Write A Comment