И после две илјади години, козметичките средства не може да ги надминат природните начини на негување кои Клеопатра ги користела. Во нејзиното време се користело дури 21 ароматично масло за заштитита на кожата од сонце, за спречување на појава на стрии, брчки и слично.
Нега на телото
Историјата ни открива некои од тајните на Клеопатра за нега на наејзиното тело. Третманот кој денес е познат како “Купката на Клеопатра”, не содржела само мед и млеко. Млекото е една од состојките. Клеопатра ги сакала етеричните масла. Па базените каде таа се капела ги полнеле со топла вода и млеко, и ставале многу видови на етерични масла и ароматични цвеќиња. Се тврди дека таа користела магарешко млеко, кое и било омилено, но и други млека кои имаат голема масленост.

Шминка
Египќаните верувале дека Бог ги благословил убавите жени. Сенките за очи кои денес ги користиме се создадени од различни состојки. А оние пак кои ги користела Клеопатра биле направени од мелена руда помешана со мелен печен бадем како би добиле темно кафена нијанса на сенка за очи. Мирисниот зачин шафран ја давал жолтата нијанса на сенката. Таа сенките ги нанесувала на целиот очен капак. Креонот пак на Клеопатра бил направен од прав од антимон, а го нанесувала со загреани стапчиња. Така го нанесувала на целото око, и одозгора и одоздола. Освен тоа што тоа и давало убав изглед на очите исто така штитело од прејакото сонце и сувата клима. Овој стил на шминка е познат како “арапски очи”. Образите ги сенчала со прав од црвена глина, а усните ги боела со мешавина од прав од црвена глина и леплив талог од црвено вино и капини.
Парфеми и етерични масла

Клеопатра била позната по нејзината убавина, и целиот тим кој се грижел за нејзиниот перфектен изглед. Тие и ги подготвувале сите препарати за убавина. Важно е да се напомене дека нејзиниот тим прв ја открил уметноста на создавање на егозтични парфеми. Користеле различни состојки: цвет од кан, цимет, лилјан, рози па до горчлив бадем. Во тоа време немало сапуни, па за капење користеле мешавина од етерични масла.
Мед

Медот бил неизоставена состојка во препаратите на Клеопатра. Го користела за косата, кожата во купките… Медот и дава еластичност на кожата и ја прави невероајтно мека. Денес медот се користи и како одличен пилинг за тело.
Рецепти од Клеопатра ( маски, креми, купки кои таа ги користела)
Овошје за зрела кожа
Ако кожата ви е сува и испукана или ако имате проблеми со брчките подгответе сок од ананас, папаја, варен домат, манго, авокадо. Нанесте го на лицето и оставете го 15 мин, а потоа измијте се со млака вода.
Крема против брчки
– една лажица бадемово масло
– – две капки етерично масло од темјан
Нанесете навечер на чиста кожа со блага масажа. Бадемот има благ мирис кој кожата го впива. Маслото од бадем и дава еластичност на кожата и ја прави свиленкасто мека. Заради силниот мирис на темјанот може да користите и масло од роза, кое има попријатен мирис. Маслото од роза го стимулира создавањето на колаген.
Хранлива маска за лице
Ова е маска за сите типови на кожа. Може да ја користите барем еднаш неделно. За неа ви е потребно:
– две лажици павлака
– една лажица мелен овес
– пола лажичка маслиново масло
Загрејте ја павлаката додека не почне да врие, ставете го овесот и оставете нека се излади. Потоа ставете го маслиновото масло и убаво промешајте. Ставете ја маската на лицето и оставете ја 20 минути да делува. Потоа измијте се со топла вода. Откако ќе ја измиете маската може да започнете со ледената масажа. За тоа ќе ви требаат коцки мраз кои се направени од зелен чај и лимонов сок. Смрзнете го сокот, а потоа со коцките масирајте го лицето и вратот.
Купката од мед и млеко на Клеопатра
За овој рецепт потребно ви е:
½ шолја млеко во прав
½ шолја мед
две лажици масло од јојоба
Измешаните состојки ставете ги во када полна со топла вода и уживајте најмалку 20 минути.
