Мојата кујна

Подгответе ја највкусната крем супа од тиквички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 800 г тиквички

* 1 средни по големина кромид

* 2 чешниња лук

* 2 лажици маслиново масло

* 800 мл супа со зеленчук

* 150 мл павлака за готвење

* 1 лажичка сол

* 1 лажичка црн пипер

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1.Тиквичките добро измијте ги и исечкајте ги на помали парченца. Излупете го кромидот и поделете го на четвртинки. Излупете го лукчето и пресечете го на половинки.

2.Во поголем сад со малку маслиново масло на тивок оган ставете ги тиквичките, кромидот и лукот малку да се запржата.

3.Потоа исипете ја супата со зеленчук и варете околу 15 минути.

4.Кога тиквичките ќе омекат со рачен блендер изблендирајте за да добиете кремаста смеса.

5.Додате од павлаката за готвење и зачинете со сол и црн пипер. Послужете ја супата топла со декорација со павлака.

Write A Comment