Motherhood

Научете го бебето да преспива преку цела ноќ

Бебињата самите го отфрлаат ноќното доење. Некои веќе во вториот месец, а некои подоцна. Родителите треба да го препознаат и да го следат ритамот на бебешките навики. Овие мали но специфични суштества се различни, всушност како и сите ние возрасни луѓе.

Откако ќе му укинете ноќното доење на вашето бебе, помогнете му да ја развие навиката на спиењето.

Обидете се да го планирате спиењето на детето секој ден. Ставете го на спиење секој ден во исто време. Пред секое спиење направете нешто со што на вашето малечко му давате до знаење дека се спремате за спиење. Тоа може да биде лулањето во раце, читање приказна, придушени светла, капење. На тој начин бебето ќе знае дека е време за одмор и со самото тоа полесно ќе заспие. Ритуалот повторувајте го пред секое спиење – како и навечер, така и за време на дневното спиење.

Облеката треба да биде удобна, мека и лесна. На вашето дете треба да му биде топло, но немојте да претерувате. Се советува облекување “на слоеви” на облека од природни и меки материјали.

На бебињата трба да им биде топло, но не и жешко. Доколку собната температура Вам ви одговара, ќе му одговара и на вашето бебе. Ако е можно, детето треба да спие секогаш во истиот простор. Така се навикува на одредено окружување за спиење, па со самото тоа полесно заспива. Тоа опкружување треба да биде мирно, тивко и опуштено, но може да се слуша тивка музика. Собата во која се спие, мора да биде добро проветрена. Прошетка пред спиење помага многу.

Ако одите на одмор, немојте да заборавите да ги понесете предметите кои вашето дете го потсетува дека е време за спиење (книги, играчки, музика…)

Write A Comment