Мојата кујна

Колач од пудинг

Ако сакате да ги испробате кулинарските способности ова е одличен рецепт за вас. Премногу лесен и невозможно да го погрешите Пробајте да направите нешто навистина слатко, нешто на што ќе бидете горди.

Потребни состојки:

–      4 кесички пудинг од ванила

–      2 л мелко

–      300 гр шеќер

–      2 јајца

–      2 лажици брашно

Подготовка:

Во врелото зашеќерено млеко ставете го изматениот пудинг со малку ладно млеко и јајцата. Мешајте постојано со дрвена лажица, варејќи го на тивок оган. Постапката е иста како кога варите пудинг. Кога ќе ја добие потребната густина тргнете го од оган. Во еден плех за печење ставете малку масло, доволно за да ја намрсите подлогата и страните на плехот. Потоа сипете ги двете лажици брашно и убаво распоредете ги. Тие ќе направат крцкава кора на колачот. Сипете го одозгора пудингот и печете на 200 степени околу 30 минути, или додека не се запече и добие бакарна кора. Пред да го исечете колачот бидете сигурни дека е убаво изладен.

Write A Comment