Обувките ги истакнуваат убавите и негувани стапала, кои не смееме да ги запоставиме при нега на нашето тело.
Меѓутоа по зимскиот период, нивниот изглед во отворени обувки на многумина им создава маки, поради испуканата и тврда кожа на петите која често е последица на зимската облека, недостатокот од воздух, но и бактериски инфекции. За да се решите од тврдокорните наслаги ви нудиме решение кое можете да го подговите дома.
Купка од јаболков оцет
За здрава кожа на петите редовната хигиена е неопходна. Затоа направете си купка во која ќе додадете јаболков оцет, бидејќи тој е најдобар за омекнување и отстранување на нечистотијата.
Подготовка: Во 2 литри тола вода, додадете една шолја јаболков оцет, ставете ги стапалата внатре и држете ги во водата најмалку 30 минути, а оваа постапка повторувајте ја два пати неделно.
Јаболковиот оцет е познат по своите антибактериски и антисептички својства.
