Кога сте најстаро дете во семејството нормално е помладата сестра да го следи вашиот пример. Навистина нема подобро чувство од тоа кога толку блиска личност во животот се обидува да се угледа на вас. Но, што може вие да научите од неа
Како да бидете лидер
За вашата помлада сестра вие сте лидер. Кога имате помлади роднини автоматски станувате пример по кој се однесуваат. Тие слушаат сè што ќе кажете со големо внимание, тоа од друга страна ви дава чувство на моќ кое треба мудро да го употребувате.
Како да бидете милосрдни
Помладата сестра ќе ве научи како да бидете сочувствителна, грижлива и одговорна личност, со оглед на тоа што секогаш ќе ја очекува вашата помош. Со вас ќе ги дели најголемите стравови, надежи и соништа, но и убави нешта во животот.
Како да бидете заштитнички настроени
Како што ќе растете ќе развиете заштитнички став кон помладата сестра. Ако некој ја закача или се обиде да ја повреди веднаш ќе реагирате. Вие ќе и бидете најголемата поддршка и ќе се борите за неа кога таа самата нема да може да се бори за себе.
Како да не ги повторувате истите грешки
Секој човек греши, но ќе научите како да се справите со лошите одлуки кога имате помлада сестра која се угледува на вас. Ќе гледате да не ги повторувате истите грешки и да бидете добар пример за неа.
Како да се грижите за некого повеќе отколку за себеси
Безусловната љубов е најубавото нешто. Од неа ќе научите што значи тоа кога за прв пат ќе ја погледнете. Моментот кога ќе станете постара сестра ќе научите како е да се грижите за некого повеќе отколку за себеси.
