Магазинот Time консултираше неколку експерти и производители, за да направи водич за роковите на траење на повеќе производи. Претходно пишувавме за рокови на траење на храната што треба да ги знаете, а овојпат набројуваме нешта што секојдневно ги употребуваме во домот, како козметика, батерии, средства за чистење и други.
Производи за домаќинство
Освежувач за водух
2 години
Антифирз
1 до 5 години
Алкални батерии
7 години
Литиумски батерии
10 години
Белило
3 до 6 месеци
Детергент за миење садови
1 година

Апарат за гаснење пожар (на полнење)
Сервисирање или заменување секои 6 месеци
Детергент за перење алишта (течен или прашок)
Неотворен: 9 месеци до 1 година
Отворен: 6 месец
Моторно масло
Неотворен: 2 до 5 години
Отворен: 3 месеци
Боја
Неотворена: До 10 години
Отворена: 2 до 5 години
Боја во спреј
2 до 3 години
Козметика

Сапун
Неотворен: 18 месеци до 3 години
Гел за туширање
3 години
Средства за депилација
Неотворени: 2 години
Отворени: 6 месеци
Лосион за тело
3 години
Регенератор/Кондиционер за коса
2 до 3 години

Дезедоранс
Неотворен: 2 години
Отворен: 1 до 2 years
Течна пудра (на база на масло)
2 години
Течна пудра (на база на вода)
3 години
Гел за коса
2 до 3 години
Спреј (лак) за коса
2 до 3 години
Балсам за усни
Неотворен: 5 години
Отворен: 1 до 5 години
Кармин
2 години
Маскара
Неотворена: 2 години
Отворена: 3 до 4 месеци
Лак за нокти
1 година
Лосион за отстранување на лак за нокти (ацетон)
Неограничен рок
Парфем
1 до 2 години
Шампон
2 до 3 години
Пена за бричење
2 години и повеќе
