Убавина

Ослободете се од стриите на природен начин

Стриите се резултат на растегната кожа и еден од најчестите проблеми поврзани со убавина кој ги мачи жените. Најчесто се јавуваат на стомакот, колковите, бедрата и градите, но можете да се ослободите од нив на природен начин.

– Масло од витамин Е е едно од најдобрите решенија за отстранување на стриите. Два пати дневно масирајте ги проблематичните делови со масло и наскоро ќе забележите дека се побледи.

– За маслото да биде делотворно при отстранување на стриите важно е да бидете упорни и редовно да ги мачкате проблематичните подрачја за да видите резултати.

– Лимонов сок нанесете на стриите. Оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете.

– Природни масла користете секојдневно. Со маслиново, кокосово или бадемово масло секој ден негувајте ги проблематичните делови за да ги спречите постоечките и да спречите создавање на нови стрии.

Write A Comment