Налетувате на пријател со којшто сакате да си помуабетите кратко. Но, вашето тригодишно дете не ви дозволува да завршите ниту една реченица – иако го молите да не ве прекинува. Зарем не сфаќа дека тоа е непристојно?
Децата на предучилишна возраст не го сфаќаат аголот на гледање на возрасните, а тоа значи дека не сфаќаат што всушност е прекинувањето.
Дури и кога детето ќе знае дека понекогаш кога мама и тато разговараат, тоа не го вклучува и него, сепак треба да научи да го скроти својот порив за прекинување. За да му помогнете:
Објаснете ги вашите очекувања: Не сметајте однапред дека знае кога е во ред да упадне во конверзацијата, а кога не. Објаснте му однапред: „Сега ќе зборувам со тетка Ивана. Тоа е еден од оние моменти кога треба да си најдеш некоја занимација“.
Планирајте однапред: Полесно ќе му биде да се занимава со нешто, ако му најдете некоја активност што може да ја прави без ваша помош. Имајте при рака некоја игра, боички и хартија или малечка играчка.
Избегнувајте искази што содржат „бидејќи“. Таквите изјави подрзбираат причина и последица, а тоа е нешто што децата на таа возраст не го сфаќаат. Наместо да кажете „Сакам сам да си играш бидејќи треба да зборувам со баба ти“, дајте му едноставни упатства: „Сега треба да си играш сам. Јас треба да зборувам со баба ти“.
Осигурете му целосно внимание:Ако постојано упаѓа додека се обидувате да си поразговарате со другите родители во паркот, можете да му кажете: „Следниот пат кога ќе дојдеме во паркот, ќе си играм со тебе. Сега оди на лулашката или на лизгалката, а јас ќе си позборувам со другите мајки.“
Бидете добар слушач. Семејните оброци се совршена можност да покажете дека има момент кога може да се зборува и момент кога треба да се слуша што имаат да кажат другите. Бидејќи децата понекогаш упаѓаат затоа што тоа е единствениот начин да бидат чуени, гледајте и најмалиот на масата да дојде на ред да си го каже своето.
