Motherhood

Што секоја мајка мора да знае за спиењето на бебето

Ова се седум важни факти кои секоја млада мајка би требало да го знае за бебешкото спиење.

1) Бебето многу да спие, но не во долги временски периоди

Тоа е затоа што внатрешниот часовник кај бебето сеуште не работи како што треба. Ќе спие по неколку пати во текот на денот по неколку часа, но често и неочекувано ќе се буди, така што вие нема да можете добро да се одморите.

2) Спуштете го во кревет поспано, но будно

На тој начин бебето ако се разбуди за време во ноќта, повторно ќе заспие. Никако немојте да бидете до бебето додека не заспие, бидејќи во оваа ситуација бебето потешко се успива и избегнувајте да го храните непосредно пред спиењето. Ако бебето научи да заспива држејќи шишенце или додека вие стоите до него, секогаш ќе сака таков начин на заспивање.

3) Добрите навики за спиење треба да станат рутина

Бебето старо од 6 до 8 недели може да научи дека спиењето е поврзано со храната, па секојпат кога ќе заврши со јадење, ќе дремнува без разлика на тоа што спие и навечер. Со 3-4 месеци, бебето може да спие и до 6часа па и вие можете да земете време за себе.

4) Не удоволувајте му на бебето секој пат кога ќе заплаче

Стручњаците не се сложуваат: првите три месеци треба да им угодувате на бебињата на секој нивен плач и да се задоволат секоја нивна потреба, но подоцна морате да ја промените тактиката. Бебето ќе плаче кога ќе престанете да му угодувате, но тоа нема да трае подолго од неколку дена. Научете го дека со плачењето нема да го добие вашето внимание, посебно не сред ноќ. Набрзо ќе се научи дека ноќта не е вистинско време за плачење.

5) Бебињата имаат сопствен начин на дремка

Бебето може да има две дремки во текот на денот до 3-4 месеци или дури и 3-4 дремки од 45 минути додека не наполнат 10 месеци. Пратете го ритамот на бебешкото спиење и прилагодите се.

6) Научете ги бебешките сигнали

Кога бебето ги трие очите и зева, нормално сака да прикаже дека е многу уморно. Ова се случува во периодот пред дремката и во периодот пред спиење. Ако тогаш бебето не заспие, тоа станува растревожено. Внимавајте на краткотрајните дремки додека ја држите. Првите пет минути од дремката го намалуваат чувството на поспаност, но нема да го направи бебето одморно. После овие краткотрајни дремки, бебето е уморно но не може да заспие, а не добило ништо со толку кратка дремка.

7) Не ги менувајте бебешките навики

Дури и бебето старо 10 месеци може да има пробеми со спиењето. Потрудете се колку што можете повеќе да не им ги менувате навиките врзани со спиењето.

Write A Comment