Ако планирате да забремените, најверојатно си ги следите деновите на овулација, месечната кулминација на вашата плодност кога јајце-кетката излегува од јајникот и со малку среќа се поврзува со сперматозоидот. Ова настапува обично во 14-тиот ден пред да го добиете следниот циклус.
Најновите тестови помагаат да се погоди тајмингот за „правење бебе“, а многу од паровите се служат и со тестови од „под тезга“ кои го мерат нивото на хормоните во урината. Новите тестови кои ја користат плунката за индиректно да го измерат нивото на естроген се исто толку точни како и останатите тестови, но и многу поудобни и попрактични.
Но дали сите тие тестови за плодност помагаат?
Не мора да значи дека тестот за овулација е најдобар мерач на плодноста, велат експертите.
Постои еден проблем: Ако се ослонувате само на еден ден од овулацијата за кој сметате дека треба да имате сексуален однос, можно е да промашите некој од плодните денови, вели Д-р Дона Деј Берд, епидемиолог на Националниот институт за Здравствени науки. Таа открила дека „прозорецот на плодноста“ – помеѓу 10 и 17-тиот ден од циклусот, кој реално започнува пет дена пред овулацијата – може да биде премногу тесен.
Во студијата на Д-р Берд која вклучила 213 жени од кои сите имале редовен циклус, 70% имале плодни денови пред или после „прозорецот на плодноста“!
Најдобриот начин да се забремени, според Д-р Берд, е: Имајте односи два-три пати неделно, за да може да го покриете целиот плоден период!“
