Сигурно неколку пати до сега ви се случило да купите или подготвите зелена салата, но да ви остане вишок кој не можете да го сочувате ни еден ден.
За да не ја фрлите зелената салата само неколку часа подоцна, послужете се со овој трик кој ќе го спречи нејзиното сушење.
Потребно добро да ја исчистите, исцедите и да ја сместите во чист стаклен сад. На врвот ставете обична салфета и да ја покриете со пластична фолија.
Тајната на салфетата лежи во тоа што ја собира вишокот влага, поради која листовите од зелената салата почнуваат да скапуваат. На овој начин ќе ги сочувате крцкави и свежи.
