Борбата со акните често пати знае да биде макотрпна и многу скапа. Но, за да не го губите времето залудно и да не ги трошите парите на неефикасни креми и третмани пробајте да го направите овој домашен лек.
Потребно ви е:
– 7 аспирини
– лажица мед
– малку вода
Подготовка:
Ситно издробете ги аспирините и ставете им малку вода, колку да добиете густа паста. Во оваа смеса ставете една лажица мед и сето тоа убаво измешајте го.
Пред да го нанесете лекот на акните убаво исчистете го лицето со средство за чистење на кожата. Нанесете на критичните делови и оставете нека делува 10 до 15 минути. Потоа убаво измијте се. Оваа маска нанесувајте ја барем два пати во неделата ако имате поголем проблем со акните.
