Големо изненадување за пролет-лето 2015 направи сопругата на Дејвид Бекам за сите свои фанови.
Дизајнерката претстави ултралуксузна капсулна колекција очила за сонце за пролет-лето 2015 , која претставува своевидно почитување на еден од класиците од овој тип додатоци.
Стандардните авијатичарски форми на истоимените очила добиваат нов, модернизиран изглед и свежи бои.
Моделите се рачно изработени во Италија и комбинираат во себе традиционални техники со напредна технологија.
Посебно место е определено на анти-рефлективниот слој, создадено за брендот од специјализираната во оптиката Zeiss Group, со што е опремен секој еден од предлозите.
Линијата претставува исти форми во различни модели со огледален финиш и смели бои, меѓу кои лилаво, сина, жолта, портокалова, сребрена, златна и други.
Најсмелите очила носат не помалку смели имиња, меѓу кои “Кактус”, “Рај”, “Зајдисонце”, “Пустинска роза”, “Аризона” и други.






