Дестинации

Вака изгледа најлуксузниот аеродром на светот

Катар, како земја богата со нафта, има доста „петрол“ долари кои ги вложува во својот главен град Доха.

Една од инвестициите е и аеродромот во вредност од неколку милијарди долари, пренесува News.com.au. Овој објект кој го одзема здивот, во својот состав има хотел, базен, 70 бутици, место за одмор на џет сет патниците и разни скапоцени уметнички дела.

АЕРОДРОМСКИ ХОТЕЛ

Има 100 соби и апартмани, чија најмала големина е околу 37 метри квадратни, додека претседателскиот апартман зазема околу 130 метри квадратни.

Сите соби се современо дизајнирани, удобни и може да се изнајмат на период од најмалку три часа. Во состав на хотелот исто така се наоѓа ресторан, базен и фитнес центар.

БУТИЦИ

Најлуксузните брендови на кои можете да се сетите, имаат свои продавници на овој аеродром, а покрај гардеробата, може да се ужива и во купување на злато.

МЕСТО ЗА ОДМОР НА ЏЕТ-СЕТОТ

Простор на две нивоа, кој зазема околу 2.700 квадратни метри, поседува се` што му е потребно на џет-сет патник. Тоа подразбира „тивки соби“ со кревети, сали за состаноци, два ресторани и детска игротека.

СЕРИОЗНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА

Уметничките дела кои се наоѓаат на овој аеродром не се било кои, туку оние кои колекционери со „длабок џеб“ би сакале да ги купат.

Тука спаѓаат не само дела на локални уметници, туку и на уметници ширум светот.

РЕСТОРАНИ

Во рамка на аеродромот се наоѓаат 30 различни ресторани од арапска до италијанска и американска кујна.

Write A Comment