Мојата кујна

Салата со ориз на италијански начин

Еден од омилените типови на храна на италјаните е веројатно салатата, која е лесна и е совршен оброк за овој период. Тие имаат готов мариниран зеленчук за ставање во салата кој што се продава по маркетите. Но, може и да си ги купите одвоено, маслинки, краставица, блага пиперка, моркови и артичоки, и да си ги подготвите. Можете и да додадете блага пченка и грашок. Со еден збор, може фантазијата да ве води.

Скоро никој не ги мери состојките до грам, односно добро е да ја правите како што вас ви одговара, и колку ви одговара. Кога ќе добиете хармонизиран вкус, воопшто не е важна егзактната количина.

 Состојки:

200-250 гр ориз

50гр пармезан

50гр ементалер (Швајцарско сирење)

50гр Пекорино сирење (или било какво овчо сирење)

200гр пушена сланина

1-2 маринирани краставици

50гр мариниран морков

200 гр мариниран микс од зеленчук

200гр мајонез

Сварете го оризот, прелијте го со ладна вода и оставете го да се исуши. Потоа ставете го оризот во фрижидер. Исецкајте го целиот зеленчук, сланина и сирење на ситни коцки. Измешајте го оризот, зеленчукот, сланината и сирењето и додадете мајонез. Измешајте убаво. Ставете го во фрижидер да стои 2-3 саати. Се сервира ладно.

 

Write A Comment