ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 350 грама грав
* 3 суви црвени везени пиперки
* 1 свеж патлиџан (може замена сушен црвен патлиџан)
* 3 парчиња кромид
* 6 чешниња лук
* Масло за јадење
* 1 лажица суво нане
* Мелен црвен пипер
* Сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Гравот се кисне во топла вода околу 2 часа и потоа се вари на тивок оган
Варениот грав се префрла во земјена тава каде се дотура нане, сол и потоа се посипува со запршката подготвена со 1 кромид, масло и мелен црвен пипер.
Целата смеса се меша со лажица. Потоа одозгора се редат двата кромида пресечени на половина во форма на круг, Исто така и патлиџанот се сече на половина, чешнињата лук и пиперките се ставаат цели.
Малку сол се посипува и врз самиот зеленчук.
Се подготвува уште една запршка само со масло и црвен пипер и врела се прелива со лажица врз сите парчиња од зеленчукот.
Се пече на 250 степени околу 1 час.
