Art & Crafts

Зошто антибактериските сапуни не се ефикасни?

Според резултатите од најновото истражување спроведено од Центарот за животна безбедност при Универзитетот Аризона, антибактериските сапуни се некорисни бидејќи повеќето луѓе ги користат на погрешен начин, пишува Live Science.

Можеби нивната популарност во секојдневниот живот расте исто како и употребата во одржувањето на хигиена, но д-р Ролф Халден од Центарот за животна безбедност вели дека овие сапуни се корисни при употреба во болниците каде луѓето знаат како да ги употребат, а се сосема некорисни во секојдневната употреба.

За да се уништат бактериите рацете треба да се мијат со антибактериски сапун од 20 до 30 секунди, но повеќето луѓе тоа го прават за 6 секунди. Како резултат  на сето тоа дејството на антибактериските сапуни е подеднакво исто како и кај обичните.

Според Халден, микробите можат да се адаптираат на антибактериските состојки во сапуните, односно да станат отпорни на нив. Тој смета дека тоа може да ја зголеми нивната отпорност на антибиотици што на докторите би им го отежнало лекувањето на инфекции.

Халден предупредува дека постојат докази за тоа дека некои хемикалии во антибактериските сапуни можат да влијаат на нашето ниво на хормони во организмот. Токму затоа во САД се преземаат нови мерки за безбедност при што произведувачот треба да докаже дека сапуните истовремено се ефективни и безбедни за употреба, пренесува Daily Mail.

Write A Comment