Мојата кујна

Топло-ладен колач кој лесно се подготвува

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* Две лажички масло

* 240 грама чоколадо

* 5 јајца

* 200 грама шеќер

* Половина лажичка сол

* лажици брашно

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Исечкајте го чоколадото и потопете го со маслото, постојано мешајќи. Искршете ги јајцата и додадете ги во чоколадото, заедно со шеќерот и солта. Додајте го и брашното, а потоа целата смеса истурете ја во садот за печење, кој претходно ќе го намачкате со масло, путер или маргарин. Колачите печете ги околу 14 минути. Откако ќе бидат готови, декорирајте ги по сопствен избор, а ние ви предлагаме да користите шеќер во прав, чоколаден прелив, и секако, покрај колачот додадете и топка сладолед, крем или неколку парчиња овошје.

Write A Comment