Мода

Атрактивни мантили за пролетните денови

Време е зимските јакни и капути да ги замените со елегантни и атрактивни мантили, а освен класичните модела, актуелни се и од превртена кожа кои се во тренд со ¾ ракави, кои визуелно ја издолжува фигурата и практични се за секојдневни активности.

Мантили со ракави од кожа со два реда закопчување, метални копчиња и двобоен каиш одлично оди со кожни панталони.

Класичен мантил во беж боја можете да го вклопите со џинс и елегантен фустан.

Кратки, тегет син мантил со рамен крој, со интересни метални копчиња, сјајно се вклопува со фармерки и балетанки.

Мантил во нијанса на земја, со едноредно закопчување, ги краси копчиња со темна кафена боја.

Пепито дезен е секогаш актуелен и елегантен, посебно во комбинација со црни панталони и потпетици.

Во краток црвен мантил не можете да останете неприметени, поготово ако под тоа имате мини фустан и високи штикли.

Write A Comment