ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* Крем сирење – 120 гр
* Како прав – 2 лажички
* Шеќер – 2 лажички
* Јајца – 6
* Чоколадо за готвење – 250 гр
* Слатка павлака – 100 мл
* Млено чоколадо – 200 гр
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Одвојте ги белковините од жолчката, па потоа со шеќер измешајте ги белковините и направете цврста пена. Чоколадото стопете го на пареа, а кога ќе се излади додадете крем сирење, какао во прав и жолчки. Сето убаво измешајте го и соединете со цврсто измешаните белковини.
Ставете во тава со големина 32х20 која претходно треба да ја обложите со хартија за печење, а потоа да ја ставите смесата. Рерната нека биде загрена на 180 степени, па ставете го колачот да се пече 15-на минути. Со дрвена чепкалка за заби проверете дали е печено, па извадете го од рерната.
Оставете да се излади, но не сосема. Додека се лади изматете слатка павлака и млечно чоколадо стопете на пареа. Соединете ги и прелијте преку колачот. Нека остане во фрижидер барем 2 часа, а потоа исечете на коцки и послужете.
