Доколку не сакате да користите препарати за коса, полни хемикалии, а сакате да го „украдете“ најдоброто од природата во борбата против перутот, ви предлагаме неколку домашни лекови кои сигурно даваат одлични резултати
Киселото млеко чини чуда во отстранувањето на перутот. Нанесете го на скалпот и држете го отприлика 15 минути пред да ја измиете косата.
Кафена лажичка свеж сок од лимон во последната вода со која ја плакнете косата е добар лек за перутот. Исто така, овој лек помага и во отстранувањето на брзото мастење на косата. Овој третман е препорачлив еднаш неделно.
Сварете цвекло. Водата искористете ја за масирање на скалпот секоја вечер пред спиење. Ако имате можност, заменете го цвеклото со бела репка, затоа што црвената сигурно остава црвени трагови на перницата.
Корисен трик е и смесата од јаболков оцет и вода, кои треба да бидат пропорционални во однос на количината. Нанесувајте со памук на скалпот.
Пробајте ги овие народни лекови и за кратко време ќе ја почувствувате разликата.
