Bridal

Венчаници од соништата за секоја жена

Сите идни младенки, се прашуваат како  да се одбере совршена венчаница. За жал, на тоа прашање не може никој да даде одговор, но може да се даде предлог кој ќе ја олесни одлуката.

Најважно е : Во венчаницата која ќе ја одберете за денот кога ќе го кажувате судбоносното Да , да се чувствувате одлично, удобно, и задоволно!!!

Кога станува збор за стиловите на венчаниците, постојат 5 основни стилови:

Венчаница А, линија која ја следи линијата на телото, а на боковите благо се   шири надолу. Популарни се а прилегаат на секоја градба.

Балските фустани, прилегаат за девојки кои отсекогаш замислувале да се омажат облечени во фустан достоен на принцеза. Со тесен горед дел и широка , богата сукња, балскиот фустан е најдобриот избор за големите , традиционални, раскошни венчавки.

Тесниот и рамен фустан, т.н. туба, рамно паѓа од рамото до подот. Ја следи линијата на телото и ги истакнува облините. Поради едноставноста, совршен е за секој тип на венчавка.

Венчаница – сирена, ја следи линијата на телото до колената, од каде што нагло се шири… Овие фустани се најприкладни за витките младенки.

Венчаница  Empire , карактеризира линија на струкот, кој апочнува веднаш под градите, потоа лежерно се спушта и се шири, слободно надолу.

Одбравме за вас од сите стилови по некој пример…Уживајте!!!

 

 

Write A Comment