Sweet Home

Неверојатна вила во Индија

Сонувате за едно убаво, осамено и модерно местенце, каде што, за сега мисловно ќе ве пренесеме…

Викенд куќата “Cliff House” е дизајнирана од Khosla Associates. Се наоѓа во Керала, Индија. Оваа уникатна куќа е со асиметричен покрив, изграден под агол. Дизајниран и изработен од бетон, цемент, дрво и природен камен.

Решението на ентериерот се сведува на идејата за рационален дизајн, како што ќе забележите подолу, мебелот и додатоците се сведени на минимум. “Cliff House” е изградена на површина од 1397 метри квадратни и ги има сите потребни удобности за незаборавен одмор со семејството и пријателите.

Таа располага со многу зеленило, базен, градини – вистинска оаза!

Write A Comment