Сте слушнале за стриите, за потечените нозе и утринското гадење, ама тоа е само еден дел од она што ве очекува во наредните 9 месеци.
Секако дека не ве чекаат само лоши работи. Многу од нив ќе исчезнат, меѓутоа некои од нив ќе бидат со вас за време на целата бременост.
- Ќе мора да му кажете збогум на убавиот папок, бидејќи како што стомакот ќе се растегнува, така и папокот ќе се поместува, така што има голема можност во последните неколку месеци да излезе нанадвор.
- За време на бременоста доаѓа до зачестено мокрење и незапирлива желба тоа да го правите многу почесто, отколку вообичаено.
- Оганот во градите, предизвикан од киселините во желудникот, ќе се јавува повремено – и не е баш пријатен. Најчесто ќе се појавува кога ќе си легнете после обилен оброк.
- Сакале или не, вашиот стомак ќе стане магнет за стотици раце, сите ќе сакаат да се поздрават со нероденото бебенце пред да дојде на овој свет.
- Како што ќе ви расте стомакот, така малку по малку ќе губите рамнотежа, а во осмиот и деветтиот месец тоа ќе биде поизразено.
- Пецкање и чешање ќе се јавуваат на кожата на стомакот, бидејќи тој се растегнува. Не се чешајте, туку веднаш, кога ќе ги почувствувате ставете лосион што ќе ја зголеми влажноста и еластичноста на кожата.
- Промените на расположението се нормални. Во еден момент сте пресреќни, а во следниот сте тажни. Научете како да се справувате со тоа и надевајте се дека вашиот сопруг и вашите најмили ќе имаат разбирање за тоа.
- Вените се прошируваат поради поголемото количество на крв кое минува низ нив. Тука пресудна улога има факторот на наследност, но постојат и неколку решенија. Можете да користите одредени гелови што ќе ви ги препорача вашиот доктор или да носите специјални чорапи против проширени вени.
- Бричењето ке ви стане вистински проблем во овој период. Добро е што влакната многу побавно растат во овој период, бидејќи наведнувањето за да ги избричите се претвара во вистинска олимписка дисциплина.
- Килограмите и гладот ќе ве следат верно насекаде, меѓутоа, запамтете дека поради вашето бебе сепак треба дополнително да внесувате уште 300 грама повеќе хранливи материи во текот на денот.
- Девет месеци ќе имате зголемено чувство за мирис, па затоа избегнувајте јаки и непријатни мириси и парфеми.
- Без оглед какви предизвици ќе ви донесе вашата бременост, имајте на ум дека тоа е само мала „жртва“ за вашето малечко кое ќе го сакате најмногу од сè на светов. Кога ќе поминат тие 9 месеци, ќе заборавите за час низ што сè сте требале да поминете и ќе уживате во мајчинството.
