ПОТРЕБНИ СОТОЈКИ:
* 2 и пол шолји брашно
* 1 лажица прашок за печиво
* 3 – 4 мали топчиња моцарела
* ½ шолји пармезан или пекорино
* 2 – 3 лажици фета сирење
* 4 лажици младо сирење
* 2 – 3 лажици крем сирење
* 1 главица лук
* 2 лажици магдонос
* 2 лажици оригано
* 2 – 4 лажици јогурт
* 1 – 2 лажици вегета
* маслиново масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Брашното ставете го во сад и додадете го прашокот за печиво. Потоа додадете ги и останатите состојки и мешајте.
Кога целото сирење ќе биде измешано со брашното, продолжете да мешате со раце. Во зависност од сирењето кое го користите, вашето тесто треба да биде меко и не премногу лепливо. Месете околу 5 минути. Потоа обликувајте топка и ставете ја во сад. Прелијте го тестото со маслиново масло и оставете го 15-тина минути.
Во тава ставете масло за готвење и загрејте ја. Тестото кинете го со раце, формирајте топчиња и сплескајте ги меѓу дланките, така што ќе добиете тенко округло тесто и почнете со пржење.
Пржете ги лепчињата на секоја страна по една минута или помалку. Кога ќе ги извадите, ставајте ги на хартиена крпа за да се впие маслото.
