Убавина

Природна паста од 3 состојки која го топи целулитот

Освен што ви го разубавува утрото, сега кафето можете да го искористите и да си ги разубавите најкритичните делови на телото.

Ако сакате на време да го подготвите телото за топлите денови кои следуваат, направете ја следнава паста од само 3 состојки и користете ја редовно за загарантирани резултати.

Состојки:

  • ¼ шолја крупно мелено кафе
  • 3 лажици топла вода
  • 2 лажици маслиново или бадемово масло

Подготовка:

Помешајте го кафето со трите лажици вода. Оставете да отстои 10 минути, додека смесата не се претвори во густа паста. Потоа додајте го маслото.

Истуширајте се и измијте ја кожата со млака вода. Додека сè уште сте под туш нанесете ја пастата и со кружни движења масирајте ги критичните делови 5 минути.

Потоа исплакнете со млака вода и по потреба нанесете масло или млеко за тело.

Постапката повторувајте ја 2 пати неделно.

Write A Comment