Мојата кујна

Вкусно гравче со сос од домати

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 гранче свеж рузмарин (или 1 лажица сув рузмарин)

* 3 чешниња лук

* 1 лимон

* 2 конзерви бел крупен грав или пак домашен

* 1 лажица мед

* 1 китка босилек, сол, црн бибер и основниот рецепт за сос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Рузмаринот се мие, се цеди, се вадат игличките и се сечкаат. Лукот се чисти и се сечка на тркалца. Лимонот се мие со врела вода, се цеди и половина од кората се ренда ситно. Гравот се мие во цедилка и се остава да се исцеди. Сосот од домати се загрева со рузмаринот, лукот и кората од лимонот и медот. Се додава гравот и се остава непокриен да динстува на средна температура околу 20 минути. Лимонот се сече на половина, се исцедува сокот од едната половина, босилекот се чисти, се цеди, ливчињата се сечкаат и се додаваат на се уште врелиот грав и се зачинува со сол и црн бибер.

За подобар вкус: Ќе биде уште позагреано со 1-2 чили пиперки – убаво измијте ги и отстранете го семето, исечкајте ги на ситно и се готват заедно со доматите.

Write A Comment