Art & Crafts

Што се може бебешкото масло ?

Бебешкото масло  може да ви биде од голема корист. Не само што е наменето за бебињата, тоа може да ви биде од огромна помош во многу домашни активности.

* Направете влажни марамчиња.

Доколку снемате лажни марамчиња, можете да направите користејќи парчиња кујнска чиста крпа. Во пластичен сад ставете 200 милилитри вода, една мала лажичка детски неутрален шампон и една лажичка бебешко масло. Крпчињата нека потстојат 5 минути и тие се спремни за користење. Крпчињата можете да ги користите безброј пати, само исперете ги по користењето и повторно се спремни за користење.

* Бричење

Бебешкото мало е многу подобро од пената за бричење. Пробајте нема да зажалите. Бричењето е лесно и без страшни исекотини и црвенила. Ова важи и за жени и за мажи!!!

* Ги отстранува дамките од сапун.

Доколку Вашите завеси за туширање или вашата туш кабина имаат тврдокорни дамки од средства за туширање, а тие Ви се кошмар за чистење, тогаш кошмарот преминува во задоволств… Само доколку на мала крпа капнете неколку капки од бебешкото масло и ги забришете дамките, оставете 15 секунди и потоа само избришете со чиста крпа.

* Патенти .

Сигурно Ви се случило да ви се заглави патентот. За да го олесните неговото отворање и затварање, подмачкајте го со бебешко масло по цела должина. Почекајте 3 минути и ќе забележите дека Вашиот кошмар завршил, а патентот е како нов.

* Чистење

Бебешкото мало е идеално за чистење и полирање на дрвени и хромирани површини. Малку од маслото на чиста крпа се доволен предуслов да уживате во неделното чистење, а мебелот ќе блесне со сета негова убавина.

* Отстранување на гуми за џвакање.

Доколку имате залепено мастика под столот, на подот или во косата не очајувајте. Колку време и да поминало мастиката ќе се извади без проблем само премачкајте ја бебешко масло, почекајте 10 минути и потоа едноставно отстранете ја мастиката.

Write A Comment