Совет: Ако сте пушач или лицето ви изгледа испиено, изберете крема на база на витамин Ц, за кожата на лицето подобро да ја апсорбира кремата, пред нанесување загрејте ја помеќу дланките.
Заштедете време
Наместо секој ден да нанесувате прво серум, па потоа дневна крема за лице, доволно е тоа да го правите еднаш во неделата. Серумот нанесете го пред хидратантната или хранливата маска како што практикуваат и козметичарите. Кожата ќе изгледа значително посвежа, а лицето ќе биде подготвено за ноќна крема.
Бидете трпеливи
Квалитетот и дејството на одредени креми не можете да го процените само по три дена користење. Затоа е потребно барем три месеци редовна употреба. На кожата и треба време да се прилагоди на активните состојки на вашата нова крема, а новите клетки во кожата бараат околу три недели за да “пробијат” на површината на лицето.
Редовен пилинг
За нанесувањето на кремите за лице да имаат ефект, неопходно е да се отстранат мртвите клетки кои го спречуваат продирањето на кремите во кожата и го намалуваат нивното дејство. Еднаш неделно исчистете го лицето, но избегнувајте агресивни препарати. Козметичарите советуваат благ пилинг со препарат кој наместо груби гранули содржи ензими.
Запознајте ја својата кожа
Избегнувајте да трошите пари на секоја нова крема која ќе се појави на пазарот. Пред се, обратете внимание на потребите на вашата кожа. Ако имате проблем со опуштена кожа. Бирајте креми на база на АХА киселини. Ако пушите или лицето ви изгледа исцрпено, на вашата коже и е потребен витамин Ц. Доколку сакате да го спречите забрзаното формирање на брчките, одберете препарат на база на хијалуронска киселина.
Правилно нанесување на креми
Козметичарите препорачуваат препаратите слоевито да се нанесуват на лицето, бидејќи различните активни состојки често не се компатибилни во формулата на еден препарат, како ретинол или витамин А и витамин Ц. Прво нанесете серум на база на витамин Ц, а потоа крема на база на витамин А. Исто така, пред да ја нанесете кремата на лице, загрејте ја помеѓу чисти дланки. Професионалните козметичари често посегнуваат по овој трик и тврдат дека колку е потопла кремата, кожата на лицето подобро ја апсорбира.
