Motherhood

Она што ги одликува добрите родители

Иако е тешко да се дефинира што е добар родител и постојат различни мислења, сите тежнееме им бидеме добри родители на нашите деца.

Не можеме да ги учиме децата да даваат се од себе, доколку ние не се трудиме да бидеме што подобри родители, без оглед на предизвикот.

Добрите родители знаат дека родителството е доживотна задача. Еве што ги одликува добрите родители:

*Добрите родители знаат дека нивниот брак/врска не е само нивна работа, туку се однесуваат како пример за своите деца. Бесот, приврзаноста, нетолеранцијата или љубезноста која родителите ја покажуваат еден према друг ќе се пренесува на генерации.

*Добрите родители знаат дека нивниот свет се врти околу нивните деца, но тоа не е случај и со оној надворешниот свет. Доколку се збунети по тоа прашање, такви ќе бидат и нивните деца.

*Добрите родители продираат длабоко во страста на децата, покажувајќи им на своите деца грижа и почитување и пронаоѓаат повеќе начини на кои можат да се поврзат. Играјќи игри кои децата ги сакаат, покажувајќи дека го почитуваат нивниот избор, дури и кога не им е по волја.

*Добрите родители имаат здрав однос према парите, храната и алкохолот. Сето тоа се работи кои се учат од дома и многу е тешко да се менуваат подоцна во животот. Добрите родители сакаат да им датат на децата добри темели.

*Добрите родители се во состојба да им кажат на децата дека во нешто не се добри, знаејќи дека во тој случај, правиот комплимент ќе има многу поголема важност и тежина. Добриот родител нема да ја жртвува вистината на олтарот на самопочитувањето.

*Добрите родители никогаш не забораваат да покажат љубов и во моментите кога нивното дете ги “мрази”. Тоа е најдобро од родителството што можат да му го овозможат.

 

Write A Comment