„Повеќето од нас обожаваат да пливаат во базен – место во урбан простор кое ви дава можност да се чувствувате како да сте на друга планета!“
Ние направивме една галерија со базени кои нудат искуство (целокупно) како на ниедно друго место на светот. Е сега….најверојатно никогаш нема да имаме шанса да запливаме во еден од овие – или во најдобар случај ако ни се падне 7-ца на Лото (а па кај нас и тоа е во очајна состојба….) – може и да ни се пружи шанса. Но во секој случај, ништо не нé чини да ги разгледаме на фотографија овие прекрасни места, од различни географски должини и ширини, а после можеби…па, никогаш ништо со сигурност не се знае!
Уживајте…
Perivolas Hotel, Santorini

Тешко е да се каже на оваа идилична слика да се каже каде е границата помеѓу базенот и морето, бидејќи така архитектонски е замислен се чини дека е ова бекраен базен. Овој базен с наоѓа на островот Санторини кај нашиот сосед под нас во хотелот Perivolas
Six Senses Hideaway Zighy Bay, Oman

Овој хотелски комплекс е направен на среде пустина на Арабискиот полуостров во државата Оман. Хотелскиот комплекс е отворен оваа година и располага со 79 вили. Секоја вила има ваков базен како горниов, кој според www.otbeach.com е еден од најубавите и најлуксузни базени вои светот.
Joule Hotel, Dallas

Овој базен е изграден на петтиот кат од хотелот Joule во Далас. БАзенот буквално “виси“ на хотелот. Страната која “гледа“ кон градот е направена од стакло, така да доколку одите во Далас и сње сместите во овој хотел, можете да се пофалите кога ќе се вратите вбо Скопје, со нуркање сте ја гледале панорамата на Далас.
Banyan Tree Hotel, Seychelles

Уште еден базен кој се рангира во еден од најубавите и најлуксузни базени во светот. Базенот е само на стотина метри од Индискиот Океан на Сејшеите. На гостите им останува дали ќе се забавуваат во убавините на Индискиот Океан или во базенот. Цената на задоволството за бањање без разлика во океанот илки базенот е вклучена во аранжманот за базенот….
Four Seasons Resort Bali, Jimbaran Bay

Доколку сакате да кажете дека не сте биле во ова прекрасно место на Бали, бидејќи цената е многу висока , можете слободно да се вадите со она, дека се плашите да не ве фати некое цунами како пред две години на овој остров. Инаку базенот е изграден покрај автентичните куќи карактеристични за ова поднебје, а до базенот се доаѓа преку дрвено мовче. Сето тоа убаво, ама јас некако се плашам да не ме фати некое цунами како пред две години. А баш сакавме да одиме оваа година таму на одмор.
One&Only Reethi Rah Resort, Maldives

Ова е место само за љубители кои навистина се “тешки“ зависници од убавините кој ги овозможува океанската вода. Водни активности до бескрај се вклучени во аранжманот, а големиот базен е директно поврзан со океанот. Па, добар одмор на Малдиви, барем за оние кои мислат таму да одат.
Intercontinental Hotel, Hong Kong

Ова е малку занесување, но за да си поминете фино во Hong Kong, најдобро е да си резервирате претседателски апартман ( 2.134 м2) со горниов базен што вклучува и тераса од 762 м2. Веднаш до терасата е и базенот, веднаш да се шлапнете во него…. Цената на еден ден не е позната. Но сигурно не е многу евтино…
Wynn Hotel, Las Vegas

Овој комплекс на хотели Wynn Hotel во Лас Вегас ги има помалку или повеќе вакви базени. Останува на вас да одберете преку интернет комуникација кој апартман ќе го обезбедите и со кој базен. Сите се во истата категорија на најлуксузни и најубави базени во светот.
La Casa Que Canta, Mexico

Овој бар за мене е најубав базен, изграден покрај исто така вештачки карпи. Значи се избањате, легнете да се сончате на фотелјите за сончање, а приквечер, се избањате си седнете повторно на фотелјите и посматрајте си го Пацификот.
