Дестинации

Одмор од соништата

Сместен во Свети Винсент и Гренадини, островот Мистик, мал приватен остров со површина од само 5 километри квадратни, е местото каде што се издигнува и прекрасен хотел кој нуди одмор од соништата.

Хотелот “Opium Mustique” и неверојатен хотел сместен на островот Мистик и се издигнува пред прекрасна позадина, надополнета со неговите раскошни тераси и совршените ентериери.

Со својата уникатна местоположба, на самиот врв од гребенот, хотелот нуди единствен поглед кон изгревот на сонцето над Атлантскиот океан и неговото издигнување се до Карпското Море.

Панорамскиот простран хотел привлекува со прекрасното уредување и архитектонскиот дизајн, па така, природните материјали, единствените украси и ориенталните и африкански стилски детали се само дел од нештата кои што го прават овој хотел совршен за летен одмор. Секоја просторија од овој хотел е климатизирана и опремена со врвна технологија.

Станува збор за хотел идеален за романтичен одмор, за летување на неколку парови или семејства, па така, посетителите можат да уживаат во одличното сместување во главната куќа, како и двете соседни гостински куќи со базен.

На ова место, секој поминат миг е приказна сама за себе, па така, дури и секој оброк ќе биде вистинско доживување поради можноста да се ужива во големата отворена трпезарија или пак во останатите неколку места подготвени за уживање во дегустацијата на тамошните специјалитети, секако, истовремено уживајќи во прекрасниот поглед.

Во надворешниот дел гостите можат да одбираат помеѓу релаксацијата покрај необичниот базен или пак во престојот помеѓу големиот број на области за седење и лежење, кои што со својата приватност, нудат моменти за размислување, релаксација, читање книги или едноставно ослободување на сите сетила и препуштање на неописливата убавина.

Write A Comment