Розевата боја е бојата на младоста, на нежноста и на романтиката. Затоа, доколку сакате да бидете нежна и романтична невеста, нема да погрешите доколку изберете бидермаер во розева боја.
Розевата боја е универзална боја на љубовта, за разлика од црвената која е боја на страста. Таа е симбол на посветеноста, смиреноста и неутрализирањето на негативните емоции. Научниците тврдат дека розевата боја ги прави луѓето да се чувствуваат самоуверено и убаво.
Доколку се решите за розев невестински буќет, на располагање ви стојат многу цвеќиња. Првенствено тука се розите, кои може да ги најдете во неколку розеви нијанси, потоа лалињата, орхидеите и многу други цвеќиња кои ќе ги најдете во нијанси од најсветла бебешка, до силна и впечатлива розева боја.





