Покрај класичните, без никаков детал на себе, скинатите фармерки се одличен избор. Со едноставна еднобојна маичка, бела или некоја друга боја, тие се идеална комбинација за летните вечери. Коњската опашка или пунџа ќе го заокружи вашиот урбан изглед.
Ако сакате вашиот стајлинг да прими нота на спортска елеганција, наместо балетанки или патики, одлучете се за едноставни салонки.













