Кога кожата ќе се опушти, а вратот ќе стане набрчкан, тоа навистина е тешко да се поправи. Затоа, ви предлагаме уште од денеска да почнете да водите сметка и за својот врат. Верувајте, ќе ви се исплати.
Истите жени кои месечно трошат илјадници производи за нега на лицето и шминка со кои се трудат да ги прикријат мааните, често забораваат дека годините се забелажуваат прво на вратот и на рацете! Затоа, без оглед на тоа дали имате 19 или 39 години, почнете уште од денеска да сe грижете за својот врат.
Еве што треба да преземете вашиот врат што подолго да го задржи младешкиот изглед.
Нега на кожата на вратот
Навистина не е потребно да купувате посебен крем само за врат, но задолжително секојдневно нанесувајте го кремот на тоа подрачје. Наутро и навечер, при нанесувањето на кремот на лицето, немојте да заборавите истиот крем внимателно да го нанесете и на вратот. Тоа секогаш правете го со благи движења одоздола нагоре (од деколтето кон брадата) за да не ја влечете кожата надолу.
Вежбање на вратот
Оваа вежба ќe ви помогне да го затегнете вратот и да го спречите настанувањето на подбрадокот (или да го ублажите ако веќе го имате). Стиснете ги усните во поза за бакнеж, потоа главата свртете ја нагоре и глумете дека со усните сакатe да го бакнете плафонот.
Ќе почувствувате благо затегнување во подрачјето на вратот, и на тој начин ќe го зацврстите. Вежбата секој ден повторувајте ја барeм 20 пати.
Правилно држење
Ако сте постојано подгрбавени и ако поголемиот дел од денот вашата брада речиси ја допира клучната коска, многу порано и побрзо ќе настанат брчките на вратот. Држете ја главата исправено и гордо!
