Мојата кујна

Крокети

Потребни состојки:

400гр ориз

25гр путер

2 јајца

Пармезан

Едно подебело парче шунка

Едно подебело парче кашкавал

80мл супа

Презла

Сол

Бибер

Брашно

Масло

Подготовка:

На тивок оган растопете го путерот па додадете го оризот и пржете неколку минути постојано мешајки. Сипете ја и врелата супа и варете се додека оризот не ја упие. Додадете малку рендан пармезан, сол и бибер. Ставете го оризот во чинија да се олади. Изрендајте шунка и кашкавал и составете ги со оладениот ориз и предходно изматеното 1 јајце. Од смесата правете топчиња, и валкајте ги во брашно, па во изматено јајце и на крајот во презлата. Пржете ги во врело масло постојано вртејќи ги за да можат рамномерно да се испржат од сите страни.

 

Write A Comment