ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250 г брашно
* 150 г шеќер
* 70 г кафеав шеќер
* 4 јајца
* 130 мл масло за готвење
* 130 мл вода
* 1/2 кесичка прашок за пециво
* малку ванила екстракт (шеќер. капки…)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Со миксер, на средна брзина, добро изметете ги јајцата заедно со шеќерот и кафениот шеќер.
2.Намалете ја брзината и постепено додавајте од водата и маслото за готвење.
3.Настрана, измешајте го брашното, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер и додадете ги во смесата со јајца.
4.Рерната загрејте ја на 180 степени а калапот за печење намастете го и малку набрашнете го. Смесата истурете ја и печете околу 40 минути.
