Иако сопружниците го изговараат судбоносното „да” со многу оптимизам, повеќето од нив по првите неколку години од венчавката почнуваат да се разочаруваат во бракот и партнерот. Како да ги препознаете проблемите и да го сочувате бракот?
Прва фаза: Млади со многу надеж
Ова е фаза во која највеќе се идеализира, кога младиот пар уште ужива во фазите на среќниот брак, како што се страста, интимноста и посветеноста. Иако страста и интимноста се многу важни во оваа фаза, потребно е да се работи и на развивање на пријателството, за да се одржи бракот.
Втора фаза: совршена сопруга
Пред венчавката, идните сопружници се договараат за поделбата на домашните обврски. Меѓутоа, две или три години во бракот, работите се менуваат. Мажите почнуваат да се опуштаат и мислат дека својата посветеност на бракот доволно ја покажале изговарајќи го судбоносното „да”. Сепак, повеќето жени во првите години од бракот се разочарани од навиките и однесувањето на своите сопрузи. Кога лошите навики ќе испливаат на површина, било тоа да се нечистите чорапи под трпезариската маса или преполната канта за ѓубре, треба да се работи на меѓусебна толеранција и да се има на ум дека ниту еден брак не е совршен.
Трета фаза: Детето како центарот на светот
Ставовите на жената и нејзиното однесување се менуваат со доаѓањето на бебето, а ова се одразува на односите со партнерот. Жената не треба целосно да се препушти само во улога на мајка, туку е потребно да го негува и односот со мажот, како и со детето. Доколку брачните партнери се задоволни од состојбата во која детето е центарот на светот, важен е договорот за начинот на подигнување на семејството.
Четврта фаза: Еден кревет, различни соништа
Во оваа фаза, која се појавува обично по десет години брак, многу жени истакнуваат дека неколку дена раздвоеност од партнерот им годи. Дури и оние кои се одлучни да останат во брак, изјавуваат дека постои одредена нетрпеливост во односот со партнерот.
Петта фаза: Дистанца
По 15 години брак, како што децата стануваат посамостојни, жените кои биле посветени само на семејството почнуваат да размислуваат за посветување на кариерата. Оваа фаза може да претставува плодно тло за афера. Околу 60% од жените прават физичко или емотивно неверство за време на бракот. Емотивните афери претежно се случуваат на работа, а љубовникот претежно по сите особини се разликува од сопругот. Жените на кои им недостасува блискот од почетокот на бракот треба да се потрудат и да ги поправат работите така што ќе поминуваат повеќе време со својот сопруг.
Шеста фаза: Развод во средовечните години
Аферата започната во петтата фаза може да стане причина за развод на бракот. Многу жени почнуваат да се прашуваат што добиваат од својот брак. Заработуваат, децата повеќе не зависат од нив, имаат самодоверба. Привремената разделба може да биде едно од решенијата пред сопружниците да се одлучат за конечен развод.
Седма фаза: Преговарање
Во оваа фаза, помеѓу 15 и 30 години во брак, можно е повторно преиспитување и на крај откажување од развод. Разведените пријатели можеби не се толку среќни и безгрижни како што се чинело.
Осма фаза: Рамнотежа
За разни манипулации и надигрување е доцна по 30 или 40 години брак. Сопружниците веќе добро ги познаваат своите слабости и слабостите на партнерот. Во овој период, доаѓањето на внуците може да ја промени рамнотежата. Потребна е меѓусебна поддршка во промените кои ги носи заедничкиот живот.
Деветта фаза: Љубов и сочувствителност
Како што се приближуваат сребрената и златната годишнина, партнерите сфаќаат колку е важно да не се омаловажуваат меѓусебно. Исто така, научиле да простуваат. Сопружниците треба да си пружаат меѓусебна поддршка и сигурност, без потсетувања на лошите настани од минатото кои можат да внесат немир во златниот период од животот.
