Од модните писти директно во продавниците, а потоа на улиците низ светските градови линиите се незаобиколив моден тренд секоја пролет. Ни оваа пролет не изостанува, па можете да бидете сигурни дека секое парче кое ќе го купите оваа година ќе можете да го носите и следната.
Носете нeутрална блуза со здолниште во линии како кежуал комнинација, или пак фустан со линии за повпечатлив изглед. Модните детали исто така не се поштедени од манијата на линии, па можете да одберете очила, шапка, па дури и накит со линии.
















